Британија ја ублажува позицијата кон Башар ал Асад

Од:

Официјален Лондон ја ублажува својата досегашна тврда позиција кон сирискиот претседател Башар ал Асад, јавува Би-Би-Си, повикувајќи се на извори во британската делегација во ОН во Њујорк.

Според овие извори, премиерот Дејвид Камерон, во своето излагање во Генералното собрание на ОН, ќе зборува за тоа дека „Асад може привремено да остане на власт“ како раководител на една транзициона влада.

По пристигнувањето во Њујорк, Камерон изјави дека сегашниот сириски претседател „не може да биде дел од иднината на Сирија“.

Тој го обвини Асад затоа дека го „касапел сопствениот народ“ дека придонел за создавање на четиригодишниот сириски конфликт, како и дека тој е еден од оние кои придонесуваат за „регрутирањето на џихадистите“ за исламистичката група Исламска држава.

Британија, заедно со Франција, досега инсистираа дека не може да има мирно решение во земјата, доколку Асад остане на власт, ставајќи го неговото тргање од претседателската функција, како услов за „било каков договор„ за иднината на Сирија.

Нивната позиција беше идентична со позицијата на САД, што претставуваше нескриена поддршка на Западот за вооружената сириска исламска опозиција.

Ублажувањето на британската позиција кон Асад доаѓа во време на големиот наплив на бегалци и мигранти од Блсикиот Исток, а пред се, од Сирија, во земјите на ЕУ, предизвикувајќи криза каква Европа досега нема регистринао, заканувајќи се да ги поткопа темелите на кои се заснива ЕУ.

Европските лидери кои досега грижата околу Асад и неговата иднина, главно, им ја препуштија на САД, Британија и Франција, сега сите инсистираат на дипломатско, мирно решение на сирискиот конфликт.

Франција претходно најави дека повеќе нема да инсистира на тргањето на Асад од власт за да се почне да се трага по дипломатско решение, па во Њујорк се верува дека влијание за менувањето на позицијата на Западот има и засилувањето на руското присуство во Сирија.

Официјална Москва демантира дека Русија директно ќе се вклучи во воениот конфликт и ќе војува со џихадистите, но рускиот претседател Владимир Путин призна дека неговата земја продолжува да праќа оруќје и воена опрема за сириската армија, како и дека рски советници помагаат во нејзината војна со терористите.

Според претседателот Путин, само Асад и сириската армија се легитимната власт и сила во земјата, како и дека само Сиријците може да одлучат за сириската иднина, а не некои од надвор, за да не се случи уште една Либија.

Русија веќе работи на создавањето „меѓународна координација“ за Сирија, во која покрај Москва, се вклучија и Техеран и Багдад.

Доцна денеска, треба да се одржи средба на американскиот претседател Барак Обама, со Владмир Путин, на која главнато прашање ќе биде сириската криза.

Станува збор за една од ретките прилики за директна комуникација на двајцата плитички лидери, по длабоката криза во американско-руските односи, предизвикана од анексијата на полуостровот Крим, во март минатата година.

Би можело да ве интересира

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Серија израелски напади врз Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on