Честитка од Заев по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Од:

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев, во чест на Меѓународниот ден на Бошњаците упати честитка, до сите граѓани – припадници на бошњачката заедница во Република Македонија.

„До сите припадници на бошњачката заедница во Република Македонија, во име на Социјалдемократскиот сојуз и во мое име упатувам искрени честитки по повод Меѓународниот ден на Бошњаците.

Имајте добро здравје и спокоен живот.

Продолжете со активниот придонес во развојот на Република Македонија, преку вашата грижлива посветеност кон менување на состојбите во државата кон подобар живот за сите. Ја поздравувам ваквата определеност, за што е потребна и храброст и одговорност кон државата и своите сограѓани. Негувањето и почитувањето на различностите што го покажувате се вредности со коишто општеството треба да се гордее.

Бошњачката традиција е значаен дел од богатото културно наследство во Република Македонија. Се надевам дека заедно ќе успееме да го сочуваме граденото низ вековите и да го надоградуваме со нови пријателства, врски, мостови насочувајки ги новите генерации по патот на сплотеност и солидарност како базични темели на соживотот.

Денешниот ден поминете го со најблиските, посветени на добрата мисла и духовен мир“.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!