Најмалку 20 турски војници повредени при експлозија на бомба поставена од ПКК

Од:

Најмалку 20 турски војници се повредени денеска во експлозија на бомба, поставена на пат од борци на Курдската работничка партија (ПКК) во округот Битлис, во источнниот дел на Турција, јавуваат турските медиуми.

Бомбата била поставена крај пат во градот Татван. Експлозивната направа била активирана со далечинско управување во 7:45 по локално време, во момент кога минувало воено возило, пренесува весникот „Хуриет“.

Повредените војници се пренесени во болница во регионот.

Силите за безбедност спроведуваат операција за ликвидирање на борците на ПКК во округот.

Би можело да ве интересира

ПКК ја презеде одговорноста за терористичкиот напад во Анкара

Горан Наумовски

Шведска го екстрадираше во Турција Махмут Тат, осуден за членство на ПКК

Блинкен: За смртта на турските заложници во Ирак се одговорни „терористите на ПКК“

Жарко Настоски

Во Турција уапсени 418 лица поради поврзаност со ПКК

Ана Ололовска

Четворица загинати во судири меѓу турската армија и борци на ПКК

Ана Ололовска

Германија забрани две групи поради сомнеж за врски со ПКК

Ана Ололовска