Судот не го прифати барањето на адвокатот на дадилката за издвојување на снимката од камерата како доказ во судската постапка.
Судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје постапувајќи по барање на адвокатот на Т.С., осомничена за кривичното дело – Запуштање и малтретирање на малолетно дете од чл. 201 од КЗ, за издвојување на докзи од предмет поднесено на 10.09.2015 година, донесе решение со кое барањето се одбива како неосновано.
Бранителот во барањето навел дека снимката приложена во доказниот материја претставува доказ кој е прибавен на незаконски начин, бидејќи не е добиена како резултат на Посебни Истражни Мерки во согласност со ЗКП и потврдата за привремено одземени предмети и наредбата за вештчње се доказ кои произлегуваат од незаконски направена снимка, па затоа во согласност со законските одредби по чл. 12 ст.2 од ЗКП и чл, 93 од ЗКП побара цитираните докази да се издвојат и истите да не претставуаат доказ во понатамошниот тек на постапката.
Но, по добивање на барањето судијата на претходна постапка прибави увид во предметот со кој на осомничената и беше определан мерка притвор, побара мислење од ОЈО – Скопје и изврши увид по истите по што одлучи дека прибавената снимка е прибавена на законит начин, и истата е извадена од мемориска картичка која претходна била дадена на МВР од страна на таткото на оштетеното малолетно дете, за што е составена и потврда за привремено одземени предмети.
Имено судијата на претходна постапка цени дека прибавената снимка, која што ја оспорува бранителот, согласно чл 250 ст.1 од ЗКП, може да служи како доказ во кривична постапка, иако за конкретниот кривично правен настан не е издадена посебна истражна мерка од страна на судот, бидејќи, видео материјалот е снимен во приватен имот, односно станот кој е во сопственост на таткото на оштетеното малолетно дете, а видео камерата била поставена пред се за заштита на приватноста на станот и безбедноста на сега оштетеното дете.
Воедно судиајта на претходна постапка имал предви дека станува збор за кривично дело каде жртва е малолетно дете на возраст од само 10 месеци, кое неможе да биде сведок и неможе да даде исказ во својство на оштетен каде ќе го објасни настанот, дејствијата и интензивното малтретирање, а кои дејствија може да се утврдат единствено од самата снимка која што е доставена како доказ од јавниот обвинител.
Исто така судот ги ценеше и одредбите од Законот за правата на децата каде децата уживаат посебна заштита, особено во корелација со заштитата на малолелтно дете во конкретно клривично дело, како и фактот дека Европската конвенција за човекови права и основни слободи, дозволува самите држави во согласност со националното законодавство да ценат дали одреден доказ е прибавен на законит начин и може да се користи во постапка, особено кога се има предвид вакво сензибилно кривично дело.
Во прилог на решението оди и фактот што и судијата на претходна постапка при одлучување по предлогот на ОЈО – Скопје за определување мерка притвор на осомничената, ги ценел доставените докази на обвинителството меѓу кои и ЦД снимката, како и ја ценел законитоста при лишување од слобода, се вели во соопштението од судот.
Ова не е правосилно решени и странките имаат право на жалба пред второстепениот суд во рок од три дена.
Адвокатот на дадилката бараше снимката да не биде доказ во постапката и се повика на праксата кога снимките од премиерот и неколку функционери судот оцени дека не можат да се користат во судската постапка.