Напнато во Газа, но нема пукање

Од:

Напнато затишје од утрината на границата меѓу Израел и појасот Газа. Прекинот на огнот, за кој вчеравечер посредуваше Египет, го почитуваат и израелската војска и палестинските екстремисти.

Не се знаат условите, ни рокот на примирјето воспоставено по два дена насилство.

Палестинските ексремисти испалија повеќе од 70 ракети само во средата, а израелските воздухопловни сили на повеќе пати нападнаа цели во појасот Газа.

Насилството изби во моментот кога шефот на дипломатијата на ЕУ, Кетрин Ештон беше во регионот. Планирано е таа да се сретне со претседателот на Израел, Шимон Перес и со премиерот Бенјамин Нетанијаху.

Денеска таа има средби со палестинскиот претседател Махмуд Абас и премиерот Фајад.

Би можело да ве интересира

Израелските воздухопловни сили нападнаа зграда во предградие на Бејрут

Кац: Без мир во северните погранични градови на Израел, нема да има мир во Бејрут

Ракети од Либан се истрелани кон Израел

Галант го повикува Израел да му даде приоритет на враќањето на заложниците

Хамас: Подготвени сме за сериозни преговори за ставање крај на војната во Газа

Убиен командант на Хезболах во напад на југот на Либан