Поповска: Јас сум од Карпош и потпишав, а вие?

Од:

Пратеничката Лилјана Поповска од ДОМ ја потпиша граѓанската иницијатива за оспорување на ДУП-от за Карпош 4, со кој се предвидува уништување на парковите и насилна урбанизација на населбата.

„Многумина сеуште не знаат дека може да потпише секој граѓанин на општина Карпош, не само од Карпош 4. Мора да бидеме солидарни, сите не засега, денес во една, утре во друга населба! Се потпишува во просториите на ДИК, во рамките на подрачната служба на општина Карпош, во Козле, Стрезово 7.“ вели Поповска.

ДОМ денеска очекува одговор од ДИК на писменото барање ДА ИМ СЕ ОВОЗМОЖИ НА ГРАЃАНИТЕ да ја изразат својата волја надвор од  работното време до 20 часот, како и за време на претстојниот викенд.

Би можело да ве интересира

Карпош доби нова административна зграда

ДОМ: Самоуништување на природата – Дошница жртва на владината неодговорност

ДОМ: Ние нема да дозволиме демократијата да се замени со партиски калкулации, ниту волјата на граѓаните со „повереници“

Горан Наумовски

ДОМ: Ние сме за зелена Македонија, а не за рудници кои се штетни за сите

Горан Наумовски

Вечерва стартува „Карпошово културно лето“

ДОМ: Ни претстои сериозна борба против корупцијата пред сите млади да си заминат!