Кинески бродови кај спорните острови

Од:

Четири кинески извиднички бродови влегоа утрово во територијалните води на спорните острови во Источното кинеско море, на кои правата ги имаат и Јапонија и Кина.

Три бродови рано утринава пристигнаа во зоната од 22 километри околу еден од островите во спорниот архипелаг. Набрзо потоа им се придружил и четврти кинески брод.

Екипажот на бродовите одбиле да ги напуштат водите, наведувајќи дека тоа е кинеска територија, изјавил портпаролот на крајбрежната стража од Окинава, која има надлежност на островите и додаде дека ова е прв пат кинески бродови да влезат на теритроијалните води на спорните острови од 3-ти октомври.

Напнатоста меѓу Кина и Јапонија се зголеми откако Јапонија во септември ги национализираше островите во Источното кинеско море. Во Кина следуваа големи антијапонски протести, а кинески државни бродови започнаа често да крстарат во зоната.

Би можело да ве интересира

Кинеското вселенско летало слета на темната страна на Месечината

Кина нема да учествува на мировната конференција за Украина

Кина воено ја тестира својата способност да го окупира Тајван

Напад со нож во Кина, убиени осум лица

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Кина започна воени вежби во околината на Тајван

Горан Наумовски