Кинески воени сили се движат кон Сирија?

Од:

„Ал Масдар њус“ објави дека воен контингент на Кине е на пат кон Латакија, и се очекува негово пристигнување за брзо време во сириското пристаниште. Кинескиот конвој со воена опрема е забележан во вторникот како минува низ Суецкиот канал.

Информацијата за кинеските воени експерти кои се движат кон Тартус ја потврди и командантот на сириската војска. Во извештајот се заклучува дека Москва во Сирији создава антитерористичка коалиција како алтернатива на воениот сојуз на САД .

Потврда за тоа е и изјавата на заменик министерот за надворешни работи на Иран, Хосеин Амир Абдолахиан, кој кажа дека Иран ќе се бори против Исламска држава заедно со Русија. Тој не зборуваше во изјавата за сојуз, туку за широка воена коалиција.

За военото присуство на Русија во Сирија западните медиуми пишуваат веќе подолго време, но вклучувањето на Кина во проблемот ги надминува сите очекувања. Создавањето на ваква антитеростичка коалиција води кон заклучокот дека за брзо време под водство на Русија ќе се стапи во директна акција против Исламска држава, заклучува „Ал Масдар њус“.

Би можело да ве интересира

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски