Од Гевгелија за Табановце вчера заминале околу 4.400 мигранти

Од:

Според евиденцијата на УНХЦР и Меѓународниот Црвен крст вчера од прифатниот камп во Гевгелија за Табановце заминале околу 4.400, што повторно е зголемување на бројот во споредба на минатите неколку дена.

Благото покачување на бројот на мигрантите кои транзитираат низ земјава, не предизвика проблеми во функционирањето на службите за нивно прифаќање, сместување и евидентирање кои имаат голема помош од активисти на многу невладини организации и здруженија на граѓани.

Според податоците на Меѓународниот Црвен крст, нивните активисти вчера поделиле 420 пакети со храна, 85 пакети вода, 23 ќебиња, 480 кабаници за дожд од УНХЦР, 4 пакети за бебиња, 5 пакети бисквити и 3 пакети памперс пелени. Медицинските екипи интервенирале 300 пати без потреба од пренесување на пациентите до болницата во Гевгелија.

Би можело да ве интересира

Орбан: Веќе една деценија ги штитиме Унгарија и Европа од нелегална миграција

Горан Наумовски

ВИДЕО: Трамп ја започна операцијата „Мидвеј Блиц“

МВР: Има намалување во бројот на илегални транзитирања на мигранти низ Македонија

Грција ќе ги суспендира барањата за азил од луѓе што доаѓаат од Северна Африка за три месеци

Трамп нареди проширување на мерките за притвор и депортација на мигрантите

Германската влада ги затвора вратите за мигрантите