Синди Крафорд открива: Никогаш не можев да јадам што сакам

Од:

Една од најубавите манекенки во светот, Синди Крафорд, наскоро ќе го прослави 50-тиот роденден.

cindy-crawford-model-daughter

Бринетата која во 90-тите години „жареше и палеше“ по модните писти и спотови на поп ѕвездите, по повод јубилејниот роденден одлучи да напише книга и да ги почасти фановите со детали од манекенската кариера.

sindi-kan

Книгата во продажба ќе излезе за неколку дена, поточно на 29.09.2015 година, а веќе може да се нарача на Амазон по цена од 29 долари.

Како што известува Вог, Синди во книгата „Becoming“ пишува за сјајниот свет на модата и се осврнува на се што научила благодарение на работата како модел.

vencavkaKluniAmal-sindi1

Во книгата ги открива и сите темни страни на таа работа, но и некои интересни факти за самата Синди, која, како што рече, не е природно слаба.

– За жал, никогаш не бев од оние девојки кои можеле да јадат што сакаат и никогаш да не се здебелат. Секако, штом самата себе си реков дека не смеам да јадам шеќер, леб и друго, се на што мислев беа леб и други работи. На крајот се договорив самата со себе дека 80 отсто од времето внимавам што јадам. За мене тоа пали, пишува Синди.

Cindy Crawford for S Moda June 2012-006

Синди, 50-тиот роденде ќе го прослави на 20 февруари 2016 година.

Би можело да ве интересира

Драматично издание на Мадона на ревијата во Милано: Пристигна со круна на главата

Предраг Петровиќ

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски