Честитка од премиерот Груевски по повод Курбан Бајрам

Од:

Премиерот Никола Груевски упати честитка до поглаварот на Исламската заедница во Република Македонија, господин Реис Ул Улема, Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи, до членовите на Ријасетот и на сите верници од исламската вероисповед во Република Македонија, по повод големиот муслимански верски празник Курбан Бајрам.

– На овој голем ден за сите припадници на исламската верска заедница би сакал да упатам искрена желба за среќни и благословени празнични денови минати во добро здравје со најблиските. Нека празникот донесе мир, спокој и бериќет. Искрено верувам дека и понатаму ќе продолжиме заеднички да го зајакнуваме и надградуваме принципот на соживот, толеранција и пријателство кој е карактеристичен за нашето општество. Вербата во Бога и во неговата порака до луѓето да ја преточиме во дела кои ќе значат зајакнување на меѓучовечките односи и добрата волја кои се темелот на кој се гради иднината на една држава. Тоа е единствениот пат кој води до посилна Република Македонија во која секој граѓанин има еднакви услови за живот, среќа и реализација на сопствените амбиции. Вредности кои уверен сум дека ги споделуваме и на чие остварување и во иднина ќе продолжиме да работиме, се вели во честитката од премиерот Груевски по повод Курбан Бајрам.

Би можело да ве интересира

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

СДСМ: Сиљановска е во улога за спас на Никола Груевски и Христијан Мицкоски?

Горан Наумовски

ЈСП со променет ред на сообраќај и работно време за празниците

Германските трговци очекуваат слаба продажба за време на празничната сезона