Едноставни, брзи, меки, со богат вкус на кокос …
Потребно е:
за тестото:
3 јајца
236 мл масло
200 гр шеќер
1 ванилин шеќер
400 гр бело брашно
2 лажичиња прашок за пециво
625 гр мармалад од кајсии
3 лажици вода од цвет од портокал
200 гр кокосово брашно
Подготовка:
– Загрејте ја рерната на 180 целзиусови степени.
– Во еден сад изматете ги јајцата со маслото, шеќерот и ванилиниот шеќер. Додадете ги и ббрашното и прашокот за пециво. Замесете меко и лепливо тесто. По потреба може да додадете уште малку брашно, но внимавајте тестото треба да остане меко.
– Со раце земајте од тестото и обликувајте топчиња помали од орев. Топчињата ќе нараснат додека се печат.
– Топчињата наредете ги во тава на хартија за печење на растојание 2-2,5 см меѓу нив. Притиснете ги малку со рака. Ставете ги да се печат во загреана рерна 10-15 минути. Готови ќе бидат кога малку ќе поруменат. Оставете ги да се изладат но само 5 минути.
– Додека се печат топчињата подгответе го мармаладот со водата од цвет од портокал. Ако не можете да најдете ваква вода заменете ја со мешавина од рум и прошек. Мешавината со мармаладот загревајте ја до вриење.
– Малку изладените топчиња потопете ги во врелата мешавина со мармалад, ставете ги на чинија и потоа спојувајте ги две по две и увалкајте ги обилно во кокос. Оставете ги сосема да се изладатат.
– Најубаво е да ги послужите дури утредента кога ќе бидат помеки и повкусни.
– Излегуваат околу 50 колачиња.