Димовски бара на пратениците да им се забрани да ги споменуваат прислушуваните разговори

Од:

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, побара да се забрани во парламентот цитирањето на транскриптите од прислушуваните разговори откако пратениците од опозицијата ги употребија по втор пат во своите прашања до премиерот. Според Димовски, ваквиот пристап е „надвор од правната пракса“.

-Во Собранието се користат илегални материјали прибавени на незаконски начин. Тоа сум должен да го укажам затоа што таквата пракса е надвор од правниот систем на Република Македонија – порача Димовски откако побара процедурално да им се обрати на пратениците.
Тој реагираше и на начинот на кој опозициските пратеници го ословуваат премиерот како „премиер во заминување“ и рече дека тоа претставува навреда.

-Можеме да ви се обраќаме на вас како „пратеник во заминување“ или „партија во исчезнување“. Сакам само да покажам како не треба да изгледа парламентот – рече тој.
Процедурално координаторот пратеничката група на СДСМ, Горан Сугаревски, му рече на Димовски да не се однесува како да му е адвокат на премиерот.

-Ми зборувате за забрани, мислите дека можете да го забраните она што пратеник сака да го каже тука? Тоа нема да се случи, ви гарантирам. На премиерот адвокат не му треба, може сам да си одговори тоа што пратениците го прашуваат – рече Сугаревски.

Претседателот на Собранието, Трајко Вељановски, не го прокоментира барањето на Димовски да се забрани употребата на материјалите од прислушуваните разговори. Премиерот мораше да одговори на поставеното прашање на пратеникот од СДСМ, Васко Ковачевски, кој праша кои се шифрираните имиња во еден од разговорите со поранешниот директор на ЕЛЕМ, Влатко Чинковски, каде наводно се договараат тендери за фирми блиски до власта.

Груевски рече дека за јавните набавки на ЕЛЕМ, писмено ќе одговори акционерското друштво, а разговорите повтори дека се монтирани и креирани.

-Нема да коментирам шпекулации со нелегално стекнати и креирани материјли. Јавно се имаме признесено и јас и мојата политичка партија. Станува збор за креирани монтирани материјали, вадени од еден контекст и ставени во друг, погрешен – одговори премиерот.
Ковачевски незадоволен од одговорот, возврати дека со потпишувањето на договорот од Пржино и со изборот на ново јавно обвинителство, Груевски признал дека материјалите се реални и вистинити.

Во разговорот каде, наводно, премиерот се договара со Чинговски тендерите да им се дадат на фирми кои власта ги протажира, а при тоа да се добие провизија, Ковачевски праша дали станува збор за фирмите „Трансмет“, „ГП Пелистер“ и „Гранит“ и дали зад шифрираните имиња се споменуваат сопствениците на „Сител“ и „Силекс“.

Би можело да ве интересира

Митева: Филипче, Заев и Ковачевски свесно ја втурнаа Македонија во црно сценарио, да биде оставена сама на Балканот и неинтегрирана

Митева: СДС и ДУИ го донеле буџетот во опасност од Арбитражни побарувања од 1.3 милијарди евра

Со добра координација ќе се надмине овој „ситен проблем“ порача Таравари по превирањата за Законот за бранителите

Митева: Владата на СДС и ДУИ поделила 100 милиони евра без јасни критерими констатира ДЗР, тоа се пари безмалку доволни за изградба на Клиничкиот во Скопје

Петрушевски: Додека владата должела 50 милиони за субвенции на земјоделците, Николовски плаќал хотелски соби од неколку стотина евра

Катерина Ѓуровски

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побараа членовите на Советот на јавни обвинители да поднесат оставки