Грција ќе продолжи со реализирање на плановите за изградба на заеднички со Русија гасовод, што ќе биде продолжение на „Турски тек“ на територија на земјата, изјави денеска на прес-конференција грчкиот министер за животна средина и енергетика Панос Скурлетис, пренесува ТАСС.
Ни претстои да решиме значајни прашања, поврзани со енергетската политика, истакна Скурлетис.
Во претходната влада на Алексис Ципрас ние направивме чекори за реализација на плановите како на Трансјадранскиот гасовод, така и на рускиот гасовод на наша територија. Ќе продолжиме со работата во овој правец, истакна Скурлетис.
Партнери во изградбата на грчкиот дел од „Турски тек“ ќе бидат грчката државна компанија „Енерџи инвестмент паблик ентерпрајс“ и рускиот „ВЕБ Капитал“. Инвестициите во градежништвото ќе изнесуваат над 2 милијарди евра. Проектот ќе биде целосно финансиран од руска страна и ќе овозможи отворање на 20 илјади работни места во Грција.