Утре авионска дезинсекција против комарци во Кумановско

Од:

Утре во периодот од 05 до 08 часот ќе се спроведе трета фаза од авионската дезинсекција против комарци на подрачјата кои беа зафатени од поплави на почетокот од годинава, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи-Куманово.

Авионската дезинсекција ќе се изврши на поплавените подрачја во Кумановско по течението на реките Пчиња, Крива Река, Липковка, Којнарка и Кумановска река.

Од Центарот за јавно здравје апелираат до пчеларите да преземат соодветни мерки и да ги заштитат кошниците за време и неколку часа по запрашувањето.

Ова е трета вонредна дезинсекција  организирана од Министертството за здравство која се спроведува поради поплавите што зафатија неколку региони во Македонија, во рамки на Акцискиот план за спречување појава и ширење вектор преносливи болести, со посебен акцент на комарци и крлежи.

Првата вонредна авионска дезинсекција што ја организира Министерството за здравство во кумановско беше спроведена на 22 јули, а втората на 20. август годинава.

Би можело да ве интересира

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе