Србија го активира Механизмот на ЕУ за цивилна заштита

Од:

Србија го активира Механизмот на ЕУ за цивилна заштита со цел да добие материјална поддршка за справување со големиот бран бегалци и баратели на азил, а комесарот на ЕУ за хуманитарна помош и управување со вонредни ситуации Христос Стилијанидес ја повика ЕУ да покаже солидарност кон Србија.

Во соопштението на ЕУ инфо центарот се наведува дека, Центарот за координација на вонредени ситуации на ЕК тесно соработува со властите во Србија и други земји кои учествуваат во Механизмот, со цел да координира брз одговор на ваквото барање.

Србија побарала материјална поддршка за кревети, легла, средства за хигиена, возила, гориво и храна.

– Ги повикуваме земјите членки на ЕУ да покажат солидарност кон Србија сега, кога и е потребна помош. Во постојан контакт сме со надлежните во Белград со цел координација на итна испорака на материјална поддршка што се нуди од земјите членки, истакна Стилијанидес.

Сите земји-членки на ЕУ се дел од Механизмот за цивилна заштита, како и Македонија, Исланд, Норвешка, Србија и Црна Гора.

Секоја држава може да го активира Механизмот, како и ОН и одредени меѓународни организации. Механизмот предвидува финансиска и стручна помош, интервентни тимови и модули за давање специфична опрема за земји зафатени од катастрофа.

Би можело да ве интересира

Лажна била дојавата за поставена бомба во српското Народно собрание

Дојава за поставена бомба во српското Собрание

Горан Наумовски

Вучевиќ: Најдобро е Србија да добие нова влада

Вучиќ: Денес е тежок ден за Србија, за секој нормален граѓанин на оваа земја

Горан Наумовски

Обвинител нареди истрага за сите вмешани во инцидентите во српското Собрание

Србија: Прво димните бомби помрачија се, сега пратениците побелеа од противпожарните апарати