Семејството Глејзер не го продава Манчестер Јунајтед

Од:

„Семејството Глејзер инвестираше во Манчестер јунајтед како во долгорочен проект и нема намера да го продаде клубот“, изјави извршниот потпретседател на фудбалскиот клуб од „Олд Трафорд“, Ед Вудвард.

Предвидувањата за можноста за заминување на американскиот сопственик од клубот се појавија по августовските емисии на вредносните хартии на Манчестер јунајтед на Њујоршката берза. Потоа се јави Здружението на навивачите, кое установи дека Глејзер сега сака да побегне откако го презеде клубот и потоа да извлече пари од него доведувајќи го во состојба на презадолженост.

„Семејството Глејзер нема да го продава клубот уште многу, многу години. Едноставно, Манчестер јунајтед не е на продажба“, додаде Вудвард известувајќи потоа за износот на клупскиот долг:

„Моментно долгот изнесува 360 милиони фунти. Оваа година на наплата ни доаѓаат вкупно 31 милион обврски. Бидејќи нашиот предвиден профит за оваа година изнесува 107 милиони фунти, пристигнатиот износ ќе го санираме без потешкотии“.

„Земете ја за пример ситуацијата на фудбалскиот пазар: стоиме толку добро, што можеме да инвестираме во кој било играч што ќе го посакаме“, заклучи извршниот потпретседател на Глејзер.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска