Направете го овој совршен и неверојатно вкусен пудинг од кафе …
Потребно е:
1/4 чаша (од 200 мл) мелено црно кафе
1/2 лажиче цимет и уште малку за посипување
1 чаша млеко
1/3 чаша засладено кондензирано млеко
1 1/2 лажица пченкарен скроб
шлаг, за послужување
Подготовка:
– Во помал сад на рингла ставете го млекото да се вари и додадете ги меленото кафе и циметот. Варете додека да почне да врие млекото, а потоа садот тргнете го на страна и оставете го да стои 10-тина минути.
– Во друг сад сипете го кондензираното млеко. Со користење на цедилка прецедете ја мешавината од кафе во кондензираното млеко. Додадете го пченкарниот скроб и мешајте додека не добиете хомогена смеса.
– Ставете го садот на средно јака температура и варете полека мешајќи додека смесата доволно не се згусне. Тргнете го садот на страна и оставете го пудингот да се излади.
– Во чаши за сервирање сипете од пудингот, потоа ставете 1-2 пишкоти и повторно од пудингот.
– Ставете ги чашите со пудингот најмалку два часа во фрижидер пред да ги послужите. Украсете со шлаг и посипете со малку цимет во прав.