(ВИДЕО) Мајка на осуденик: Превезе семејство бегалци, осуден е за трговија со човечки органи

Од:

Да одговорат надлежните за луѓево што лежат во затвор, ни криви ни должни, бараат мајки на осуденици, кои денеска дојдоа на протестот пред Собранието за да се придружат на граѓанската иницијатива која бара да се донесе закон за амнестија на осудениците.

– Таксисти качиле да возат бегалци, би сакала да ми кажат кога државата го легализира законот да им помогне на тие бегалци, зошто нашите деца, ни криви, ни должни, исто солидарно да помогнат да ги пренесат, внатре во државата, не надвор, да бидат осудени и казнувани по многу строги закони. Таму во законот пишува дека е „препродажба на луѓе и човечки органи“. Каква врска има превозот со тој криминал? Мојот син е таксист. Со кредит зеде кола, регистрира фирма на свое име…се качила фамилија од Гевгелија да ги донесе до Скопје. Осуден е на 5 години. А јас со 9 пензија средношколски деца гледам. Тие случаи треба да се ослободат, раскажува Верка Златанова, мајка на осуденик.

Овде сме за да ја побараме правдата, не е важно одкоја националнопст, вера, од која партија сме,

– Помогни Господи да излезат нашите најмили, да прекинат нашите солзи. Помагајте браќа и сестри, навистина имаме мака, како да му кажам на моето внуче каде е татко му, вели мајка на осуденик.

Петра Митрова, исто така мајка на осуденик вели дека нејзиниот син кој е 43 дена во затвор е болен.

– Лежи за телефон што чини 500 денари, а човекот што го купил телефонот е на слобода, а син ми е на 5 години осуден. Ќе одам до крај, барав прием кај премиерот, тој писмено ми одговори дека судството не е во негова надлежност, барав до претседателот, до совет на адвокати, секаде бев одбиена. Син ми е тешко болен, секаде ќе одам, да го извадам од затвор. Ако е виновен, нека си ја одлежи казната, ама вака нема да се помирам никогаш, вели Петра Митровска, мајка на осуденик.

Од граѓанската иницијатива најавија дека ќе доаѓаат секојдневно пред Собранието.

Би можело да ве интересира

Инцидент на блокадата во Нови Сад: Беа кренати знамињата на ЕУ, па започна турканица

Горан Наумовски

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Нов протест поради трагедијата во Нови Сад, се бараат оставки: „Народот е гладен за правда“

Горан Наумовски

Протест на опозицијата во Белград

(ВИДЕО) Протест во Нови Сад, градот е полн со полиција

Маж се самозапали за време на протест

Предраг Петровиќ