Лилјана Стоилковска-Андовска со перформанс ќе одбележи 50 години творештво

Од:

По повод 50-годишниот творечки јубилеј на Лилјана Стоилковска-Андовска вечер, со почеток во 20 часот, на сцената на МОБ ќе се одржи сценско-уметнички перформанс насловен „Песна, оро, стих, драма“.

Стоилковска-Андовска во интерпретацијата на познатите бисери на македонската народна музичка ризница ќе изведе и дел од монодрамата „Калуѓерка“ од Томе Илиевски, како и песни од Валандовскиот фолк-фест.

Според програмата, ќе настапат Националниот ансамбл „Танец“, познатиот романописец, драмски писател, прозаист и универзитетски професор Венко Андоновски, како рецензент на поезијата на Лилјана Стоилковска-Андовска. Ќе бидат изведени и нејзини поетски творби. Ќе учествуваат и познатиот македонски актер и режисер Мите Грозданов, како и Миле Попов, доајен на македонското спикерство. Снежана Коневска-Руси, актер и режисер на целиот настан, ќе биде во улога на водител на програмата.

Настанот е поддржан од Министерството за култура, Националниот   ансамбл за народни игри и песни „ТАНЕЦ“,  МРТ и  од МОБ.

Би можело да ве интересира

Концерт „Легендите живеат вечно“ во Македонска Филхармонија

Предраг Петровиќ

Оперската претстава „Турандот“ од Џакомо Пучини во Национална опера и балет

Предраг Петровиќ

Пријавата за напад стигнала во МНТ, полицијата апелира на смиреност, евакуирани повеќе институции

Ландов

Полицијата го блокираше центарот на Скопје, неофицијално има дојава за бомба

Ландов

Гала оперски концерт и балет „Болеро“ в петок во НОБ

Ана Ололовска

Гала оперски концерт во НОБ

Ана Ололовска