Холокаустот, злосторство врежано во гените

Од:

Елементариум – Белград

Холокаустот, најстрашното злосторство против човештвото на современото време, остави вечна лузна во историјата на еврејскиот народ. Жртвите на концентрационите логори кои ја преживеале Втората светска војна, усмено ги пренесуваа сведоштвата за траумите врежани длабоко во меморијата, но според ново научно истражување, тие се врежани и во гените.

Рејчел Јехуда, една од водечките научници во областа на посттрауматски стрес, со својот тим од њујоршката болница „Маунт Синај“ спроведе истражување на 32 Евреи кои во концентрационен логор доживеале различни трауми. Едни биле мачени, други биле сведоци на убиства или се криеле од нацистите во текот на Втората светска војна.

Научниците ги анализирале нивните и гените на нивните деца, кај кои откриле дека постои зголемена можност за заболување од стресни нарушувања. Тие генетски записи ги споредиле со еврејските семејства кои живееле надвор од Европа во текот на војната и кај нив немало такви резултати.

Научниот тим посебно се интересирал за генот кој е во врска со регулирање на стресните хормони, бидејќи на него траумата најмногу влијаела. Откриено е дека промените во гените кај децата можат да се доведат во врска само со траумата што родителите ја доживеале во логорите.

Ставовите на научниците во врска со овие заклучоци се поделени, бидејќи научната конвенција гласи дека гените содржани во ДНК се единствен начин да се пренесат биолошки информации меѓу генерациите. Меѓутоа, гените константно се модифицираат со влијанието на околината во која живееме преку ознаките кои се врзуваат за нашата ДНК.

Студијата ја објаснува трансмисијата на траумата пред настанувањето на промени во епигенетските ознаки на родителите, што подоцна се пренесува на децата по пат на т.н. епигенетско наследство. Хемиските промени на ДНК и хистоните т.е. базните протеини, делуваат како прекинувачи кои ги исклучуваат и вклучуваат гените.

Епигенетиката е научна дисциплина која се обидува да докаже дека не сме целосно генетски предодредени, бидејќи тоа што го јадеме или начинот на кој живееме може да влијае на активноста на нашите гени, па така и на здравјето, психата и на способноста на нашите потомци. Развојот на епигенетиката е во тесна врска со теоријата на францускиот научник Жан-Батист Ламарк, кој уште во 1809 година тврдел дека особините стекнати во текот на животот можат да се пренесат на следната генерација.

Др. Јехуда објаснила дека ако модифициран ген се пренесе при оплодување, независно од тоа дали се активира или не, може да има значајно влијание на количеството на стресните хормони, што подоцна влијае на начинот на кој децата се справуваат со стресот. Меѓутоа, научниците уште не го откриле начинот на кој овие епигенетски ознаки се пренесуваат на следната генерација.

Генетските информации во спермата и јајце клетките не треба да се менуваат под влијание на надворешната средина; секоја епигенетска ознака на ДНК треба да биде избришана набрзо откако ќе дојде до оплодување. Наспроти тоа, истражувачкиот тим од Универзитетот Кембриџ открил дека некои епитенетски ознаки го избегнуваат процесот на чистење при оплодувањето.

Откритието до кое се дошло со студијата на Јехуда може да биде почеток на значаен развој во тоа подрачје, фактот дека гените се формираат и врз основа на околината во која живееме, а не само врз основ на биолошкото наследство, ќе го промени верувањето на научниците дека стекнатите особини не се наследни, што долго се сметало за невозможно.

Со студијата на тимот на Јехуда е утврдено и дека надворешните влијанија како што се пушењето, диетите и стресот, можат да влијаат на здравјето и до две наредни генерации на потомци.

Би можело да ве интересира

Панчо и Андреј од ДНК: Ќе му помогнеме на секој сограѓанин кој ќе добие казна за возачка

A1on

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Ѓоргиевска: Со заеднички ангажман да ја поттикнеме и поддржиме научно-истражувачката дејност кај жените

А1он

Јапонски научници развиваат вакцина против стареење

Ана Ололовска

Обвинител и истражител од Бугарија доаѓаат во земјава за да земат ДНК од семејствата на загинатите на автопатот „Струма“

А1он

Вештачка интелигенција предложи лек за редок рак кај децата

Ана Ололовска