Над 4.000 мигранти вчера транзитирале од Гевгелија до Табановце

Од:

Над 4.000 мигранти вчера транзитирале низ Република Македонија. Податоците од невладините сектор покажуваат дека има зголемување во споредба со претходните неколку дена.

од железничката станица информираа дека со четири специјални возови биле превезени околу 2.800 мигранти, а утрово заминаа 800 мигранти од прифатниот камп кај Гевгелија.

Од меѓународниот Црвен крст соопштија дека според нивната евиденција, од Гевгелија за Табановце вчера заминале околу 4.500 мигранти. Во прифатниот камп во Гевгелија биле згрижени додека чекале да бидат евидентирани,и во тој период биле поделени пакети со храна и вода, 200 ќебиња и 200 кабаници за дожд. Медицинските екипи на Црвениот крст вчера интервенирале 668 пати на лице место,без потреба од болница.

Би можело да ве интересира

Грција ќе ги суспендира барањата за азил од луѓе што доаѓаат од Северна Африка за три месеци

Трамп нареди проширување на мерките за притвор и депортација на мигрантите

Германската влада ги затвора вратите за мигрантите

Голема пресметка на банди во близина на Сараево, шестмина се повредени

Горан Наумовски

Нелегалните мигранти пукаа врз полицијата во близина на Шид, еден мигрант е убиен

Горан Наумовски

Пронајдени двајца мртви мажи во Суботица, истражителите се сомневаат дека се работи за пресметка