Дамаск: Воздушните напади врз ИД во Сирија се неефикасни

Од:

Воздушните напади на меѓународната коалиција, предводена од САД врз позиции на Исламска држава во Сирија се неефикасни, изјави денеска сирискиот заменик-министер за надворешни работи Фејсал Мекдад во интервју за јапонската агенција Кјодо.

– Воздушните напади не беа ефикасни, со нивна помош ништо не беше постигнато, истакна Мекдад и додаде дека ИД станала уште посилна во Ирак и Сирија и покрај борбата на САД против тероризмот.

Како што јави ТАСС, сирискиот дипломат нагласи дека Русија и помага на Сирија и претставува главниот извор на оружје за сириската армија.

Тој нагласи оти во Сирија нема руски војници.

Би можело да ве интересира

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Серија израелски напади врз Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети

Избегнат руско-американски инцидент во Сирија