Популарната телевизиска серија Game of Thrones беше прогласена за најдобар дрмаски серијал на синоќешното 67-мо по ред доделување на телевизиските награди Еми.
Ова е прва награда Еми во оваа категорија за Game of Thrones, иако серијата се емитува веќе пет години.
Покраја за најдобра драмска серија, Game of Thrones освои и Еми за режија и за сценарио, а актерот Петер Динклагер, кој во серијалот го толкува Тајрион Ланистер, доби награда за нахдобра споредна машка улога.
Втората по важност награда Еми, онаа за најдобра комедија, ја освои серијата „Veep“ на телевизијата Ејџ-Би-Оу.
Церемонијата на додлеувањето на наградите се одржа во театарот „Мајкрософт“ во Лос Анџелес, а нејзин водител беше Енди Самберг.