ФОТО: Ветерот откорна лимен покрив од зграда во Куманово

Од:

Силно невреме проследено со интензивни врнежи од дожд, ситен град на одредени локации, електрични празнења и силен ветер, што попладнево го зафати Куманово предизвика проблеми во централното градско подрачје.

Лимен кров од зграда, лоцирана спроти основото училиште „Браќа Миладиновци“, паднал врз паркиран автомобил „рено меган“, а ја турнал и заштитната ограда на училиштето. Нема повредени при овој несреќен случај. Станарите од зградата и сопственикот на автомобилот повикале полиција која ја блокираше улицата за сообраќај.

Невремето во кумановско започна околу 16.15 часот и траеше половина час. На неколку локации во Куманово силниот ветер откорнал и гранки од дрва.

Од ТППЕ Куманово информираат дека интервенирале на поплавени подрумски простории на улицата „Киро Фетак“.

Би можело да ве интересира

Нападната е жена во старски дом во Куманово – заврши во болница

А1он

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он