Одложено погубувањето на „Божјиот принц“

Од:

Федералниот апелациски суд на Флорида синоќа го одложи погубувањето на масовниот убиец Џон Фергусон, кој кон крајот на ’70-те години на минатиот век уби осум лица, иако Врховниот суд на САД претходно ја потврди смртната пресуда.

Одлуката за одложување на пресудата следеше непосредно пред извршувањето на смртната казна врз 64-годишниот Фергусон и по серијата противречни судски одлуки во врска со тврдењата дека станува збор за личност, заболена од тежок облик на шизофренија.

Со одлуката на Федералниот апелациски суд егзекуцијата е одложена барем до првата надела од ноември.

Претходно Врховниот суд на САД го одби барањето за помилување, кои адвокатите на Фергусон го поднесоа во последен момент.

Фергусон чека на извршување на смртната казна веќе 34 години, а според наодите на лекарите, тој и покрај болеста и твврдењето дека е „Божји принц“, кој ќе се врати на овој свет, ја сфаќа суштинската на смртната казна.

Фергусон кон крајот на ’70-те години на минатиот век убил шест лица во јужна Флорида во пресметка за дрога, а два месеци подоцна извршил уште едно двократно убиство.

Би можело да ве интересира

Американската војска се подготвува за атак на Панамскиот канал

САД тајно ги заоструваат санкциите против Русија

Авион се урна во близина на американски аеродром, нема преживеани

Горан Наумовски

САД предлагаат продолжување на прекинот на огнот во Газа до април

Односите со САД се на ултра високо ниво, изјави премиерот Мицкоски

САД и Израел сакаат да ги преселат Палестинците од Газа во Африка