Доналд Трамп тврди дека ги поседува документите за развод на Мишел Обама и претседателот на САД, кои не се потпишани.
Трамп наводно ќе покаже дека за 20 години брак тие сериозно размислувале за развод, пишува „Дејли мејл“.
Тврдењата дека Барак и Мишел Обама веќе еднаш поднеле документи за развод веќе се објавени во книгана авторот Ед Клеин, на почетокот на годината.
Белата куќа овие наводи тогаш ги демантираше и преку соопштение наведе дека Клеин е познат по измислувањето работи.