Вака би изгледал хотелот во парк кој го планира Владата?!?

Од:

Еве ја визуализацијата на можниот изглед на комплексот хотели кој, како што вели градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, го предвидела Владата во Градскиот парк, на местото на сегашните барака на Град Скопје.

Од скицата се гледа дека овој објект би бил целосно надвор од архитектонскиот концепт на тој дел од градот, би го нарушил изгледот и функционалноста на паркот, но и прашање е како ќе се одрази на сообраќајниот метеж.

hoteldebarmaalo1

Сепак, најголем проблем, како што велат познавачите, е засенување на паркот и блокирањето на природната светлина за растенијата и дрвата. Скопје веќе одамна заради непланското градење го наруши природното движење на воздухот, а ваквата, како што се најавува, стометарска градба би можела да биде вистинска катастрофа.

Министерството за транспорт и врски демантираше дека ќе се гради хотелски комплекс, туку дека планираат целата површина на Градски парк да биде зеленило.

Но вице премиерот Зоран Ставрески потпишал Одлука за утврдување градба од посебен интерес, која во Службен весник излегла на 27.јули 2015.

Според Одлуката, како градба од посебен интерес е Хотелски комлпекс, означен со маркица Б4.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар