Повеќе од сто лица загинаа вчера во Јужен Судан во експлозија на цистерна, соопштија денеска јужносуданските власти.
Луѓето биле собрани околу возилото, кое излетало од патот и се обидувале да земат гориво од него, кога во еден момент одекнала експлозијата.
– Во експлозијата потешко се повредени околу 50 лица, изјави Чарлс Кисана, министер за информации на провинцијата Западна Екваторија.
– Немаме медицинска опрема и тие луѓе можеби нема да преживеат, бидејќи не располагаме со условите да ги лекуваме оние, кои се со тешки изгореници, рече тој.
Според Кисана цистерната патувала од главниот град Џуба до Западна Екваторија.
Јужен Судан е една од најсиромашните земји во Африка и во неа речиси нема асфалтирани патишта.