Коцки со кокос и овошен јогурт

Од:

Малку поинаква подготовка на овие класични чоколадни кокос колачи …

Потребно е:
300 гр бело пченично брашно
250 гр шеќер
50 гр путер
4 јајца
1 прашок за пециво
10 лажици млеко

за глазурата:
125 гр путер
125 гр шеќер
125 мл млеко
100 гр чоколадо за готвење
300 гр кокос
2,5 чаши (од 200 мл) овошен јогурт

Подготовка:
– Одвоите ги белките од жолчките. Помешајте ги брашното и прашокот за пециво.

– Жолчките помешајте ги со 200 гр шеќер и путер и почнете да ги матите. Со постојано матење додадете го млекото лажица по лажица, а потоа полека додадете го и брашното.

– Белките изматете ги во густ шлаг и прад крај на матењето додадете 50 гр шеќер.

– Полека додадете ги изматените белки во тестото и измешајте со дрвена лажица.

– Намастете го калапот и сипете ја подготвената смеса. Ставете да се пече во загреана рерна на 190 целзиусови степени околу 30 минути. Испечениот колач извадете го од рерна, оставете го да се излади и исечете го на коцки.

– За глазурата растопете го чоколадото заедно со шеќерот и млекото.

– Сите коцки исечете ги на половина по должина и потопете ги во чоколадната глазура, а потоа увалкајте ги во кокос.

– На секоја половина ставете од овошниот јогурт и одозгора ставете ја другата половина од коцката. Коцките повторно прелијте ги сосостатокот од чоколадната глазура.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска