Ле Пен: Навалицата од азиланти е како инвазијата на варварите на Рим

Од:

Претседателката на француската крајна десничарска партија Национален фронт, Марин Ле Пен, синоќа ја спореди навалицата од азиланти во Европа со инвазијата на варварите на Рим.

Ле Пен претходно повлекуваше паралели меѓу муслиманите во Европа и нацистичката инвазија.

– Доколку ништо не преземеме, овој прилив на мигранти ќе биде како инвазијата на варварите во IV век, а и последиците ќе бидат исти, порача Ле Пен од собирот на својата партија во Арпажон, во близина на Париз, во пресрет на регионалните избори.

„Мораме веднаш да го запреме ова лудило за да го спасиме нашето општество, слобода и идентитет“, нагласи таа.

Ле Пен ја обвини и владејачката коалиција и партијата на поранешниот претседател Никола Саркози, УМП, како и Социјалистичката партија на сегашниот шеф на државата, Франсоа Оланд, како што кажа, за „првиот бран надоаѓачки мигранти“, пренесе „Русија денес“.

– Лидерите понудија да примат мигранти, а да не ги прашаат своите граѓани, а тоа се истите лидери кои ја уништија Либија и продолжија да ја дестабилизираат Сирија, оцени Ле Пен.

„Има 1,5 милион луѓе кои чекаат да бидат социјално згрижени во Ил-де Франс, а тоа никогаш нема да го добијат заради односот на државата кон странците. Ова го велам не за да ги засрамам оние кои доаѓаат, туку да ги обвинам оние кои се одговорни за оваа ситуација“, рече  Ле Пен, пропратена со аплауз од приврзаниците.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лансиран е сателитот кој заеднички го развија Кина и Франција

Извлечени уште 14 тела по бродоломот на мигрантскиот брод кај Калабрија

Саркози: Макрон ја турка земјата во хаос

Во пожар во штала во Франција изгореа 70 тркачки коњи

A1on

Мигрантите исчезнаа од јужната граница

Европскиот суд на правдата ја казни Унгарија, Орбан ја нарече пресудата срамна

A1on