Најмалку 22 имигранти се удавија при потонување на брод крај бреговите на Турција

Од:

Најмалку 22 имигранти, вклучувајќи четири деца, се удавиле утрово крај југозападните брегови на Турција, откако чамецот, со кој сакале да стигнат до грчкиот остров Кос, потонал, јавија турски медиуми.

Турската крајбрежна стража успеала да спаси 211 лица, чија националност не се соопштува. Илегалните имигранти се наоѓале на чамец, што пловел од реонот на Датча.

Продолжуваат операциите за пронаоѓање и на други преживеани.

На дрвениот чамец долг 20 метри имало околу 250 бегалци.

Се смета дека 72 имигранти загинале во последните неколку дена во обиди да преминат од турскиот брег до грчките острови, соопшти Меѓународната организација за миграција.

Би можело да ве интересира

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

11 лица од Непал сакале илегално да влезат од Македонија во Грција – депортирани се

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он