Продолжуваат истражувањата на Археолошки локалитет „Коколов рид“ кај Виница

Од:

Култното праисториско светилиште „Коколов рид“ кај селото Виничка Кршла, во општина Виница  петта година е во фокусот на археолошките истражувања од страна на Музејот „Теракота“ од овој град.

Наодите кои беа откриени во изминатите четири години беа дополнителен предизвик за археолозите да продолжат со нови откритија кои даваат и нова слика за археолошката карта од истокот.

– Продолжуваме со истражувањата  каде што  во основата на тумулот 1 откривме светилиште од бронзеното време, односно карпа изделкана во форма на круг и на периферијата од карпата имаше ритуални јами во кои пронајдовме голем број керамички садови, а откривме и еден гроб од бронзеното време. Локалитетот  бил користен уште во бронзено време, втора половина на третиот милениум пред нашата ера како светилиште и за погребување. Во континуитет имаме наоди и од раното бронзено време и погребувања од 8 век пред нашата ера, а откриени се и 10 кремации од римскиот период, од вториот до четвртиот век од нашата ера. Овој локалитет е единствен во Источна Македонија со вакви откритија, изјави за МИА Јуклијана Иванова, раководителот на истражувањата.

Археолошкиот локалитет „Коколов рид“ првпат во Археолошката карта на Македонија е нотиран 1978 како тумуларна некропола од железното време.

Од истражувањата реализирани во изминатите четири години, Музејот „Теракота“ организираше изложба со откриените наоди, а научните сознанија беа презентирани и на археолошки научен симпозиум. Истражувањата и годинава се реализираат со финансиска помош на Министерство за култура и општина Виница.

Би можело да ве интересира

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

Египет ги изложи неодамна откриените артефакти стари 2.500 години

Предраг Петровиќ

„На север од егејскиот свет“ – нова книга на археологот Драги Митревски

Минатата година се зголеми македонското археолошко богатство, а науката доби лабораторија за прецизирање на фактите

Ана Ололовска

Конференција за предисториска археологија „Предисторија на Балканот“

Ана Ололовска

Завршија овогодишните истражувања на Градиште-Бислим кај кумановското село Пчиња

Ана Ололовска