Судири меѓу полицијата и демонстрантите пред џамијата Ал Акса во Ерусалим

Од:

Израелската полиција денеска, трет ден по ред, се судира со палестински демонстранти во најчуствителното свето место, на влезот во џамијата Ал Акса во Ерусалим.

Младите демонстранти утринава повтроно се собраа околу џамијата и почнаа да фрлаат камења врз полицијата, која во голем број влезе во светилиштето и на провокациите одговори со шок бомби, соопшти портпаролката на полицијата Луба Самри, додавајќи дека до сега „нема жртви, ниту апсења“, пренесоа француските медиуми.

Демонстрантите стравуваат дека Израел се обидува да ги измени правилата за управување со светото место, со кои на Евреите ќе им се озовможи да ја посетуваат џамијата Ал Акса, но не и да се молат.

Новото распламтување на протестите доаѓа и покрај повиците на Обединетите нации и САД за воздржаност и предупредувањето на Јордан, кој има старателство врз муслиманските свети места во Ерусалим во согласност со мировниот договор со Израел од 1994 година.

Јордан, кустосот на ова муслиманско светилиште, го повика Израел да го обнови мирот во градот, додадават американските медиуми.

Би можело да ве интересира

Ганц: Нетанјаху го одби советот порано да влезе во Рафах

Горан Наумовски

Израел: Демонстрантите бараат итен договор за заложниците

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

(ВИДЕО) Протести во Тел Авив, се бара ослободување на заложниците: Владата нема поим што прави