Намален напливот на мигранти

Од:

Напливот на мигрантите кои во Македонија доаѓаат од Грција, вчера за разлика од претходните неколку дена беше помал, а со тоа стивна малку и притисокот на нашата јужна граница.

Од железничка станица во Гевгелија информираа дека во текот на вчерашниот ден од платформата кај прифатниот камп во Гевгелија кон Табановце заминале четири специјални возови со околу 2.500 мигранти и дека моментно се товари првиот денешен воз со околу 1.000 мигранти кој треба да замине кон северната граница.

Гевгелиските железничари велат дека патничкиот сообраќај кон Грција сеуште се одвива со автобус од Гевгелија до Поликастро затоа што во тек е изградба на мост во Грција во пограничното место Идомени. Во товарниот железнички сообраќај нема застој освен што поради градежните работи во Идомени е воспоставен посебен режим на превоз кој се одвива само во попладневните часови.

Проценките на УНХЦР и Меѓународниот Црвен крст исто така велат дека вчера низ земјава транзитирале помалку мигранти односно дека,вклучувајќи ги и оние што патуваа со автобуси и такси возила, низ земјава транзитирале околу 4.500 мигранти.

На мигрантите кои во прифатниот камп во Гевгелија пристигнуваат периодично во групи од 100 до 200 луѓе им се дели храна и вода. Црвениот крст вчера донираше една инвалидска количка на мигрант од Сирија.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Хрватска – пет мигранти се удавија во реката Купа

А1он

(ВИДЕО) Шпанската полиција со гумени куршуми и пендреци ги отстранува мигрантите од плажите во Сеута

Предраг Петровиќ

ЕУ подготвува построги правила за азил и побрза депортација на мигранти по кризата во Сеута

Трамп со жестока порака за Шпанија: „Имате нула контрола врз границите“

Шпанските разузнавачи тврдат: Мароко го организирал масовниот упад во Сеута

Тунис: Телата на 19 мигранти пронајдени по потонувањето на брод