Вистинска експлозија на вкусови, многу ароматична и неверојатно вкусна …
Потребно е:
за корите:
300 гр брашно
8 жолчки
300 гр путер (ладен)
4 лажици шеќер
за филот:
400 гр шеќер
8 белки
400 гр бланширани мелени бадеми
5 кесички ванилин шеќер
Подготовка:
– Во еден сад ставете ги сите состојки за тестото и замесете го тестото. Завиткајте го во пластична фолија и ставете го во фрижидер додека го подготвувате филот.
– За филот изматете ги белките во густ шлаг. Постепено со постојано матење додадете ги шеќерот и две кесички ванилин шеќер. Потоа додадете ги мелените бадеми и полека измешајте со лажица.
– Тестото извадете го од фрижидер и поделете го на два дела. Секој дел со сукало развлечете го во форма на правоаголник (треба да бидат со облик на калапот во кој ќе ја печете питата) и со дебелина околу 4 мм.
– Калапот обложете го со хартија за печење. Прво ставете ја едната кора и на неа рамномерно распоредете го снежно белиот фил. Поклопете со втората кора.
– Ставете ја питата да се пече во загреана рерна на 160 целзиусови степени околу 45 минути, деодека горната кора не добие златно-жолта боја.
– Веднаш како ќе ја извадите печената пита од рерна посипете ја со преостанатиот ванилин шеќер и оставете сосема да се излади пред да ја пресечете и послужите.