Лекар од Србија е киднапиран во главниот град на Либија, Триполи, јави либиската агенција „Лана“.
Лекарот чиј идентитет не е се уште објавен, е киднапиран во близина на болницата „Ал Сабеја“ која се наоѓа на околу 30 километри северозападно од центарот на Триполи.
Според изјавите што неговите колеги ги дале на либиските власти, тој бил киднапиран од група вооружени мажи.
Причината за киднапирањето не е позната.
Претставниците на српската амбасада во Либија ја добиле информацијата за киднапирањето, но наведуваат дека се уште немаат детали.