Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром загуби во 2. коло на мѓународниоттурнир што се одржува во романскиот град Орадеа од истоимената домашна екипа со 98:94 по продолжение.
Аеродромци кои на овој турнир настапуваат ослабени без репрезентативците Дамјан Стојановски, Марко Симоновски и Љубомир Младеновски во првото коло го победија Интер Братислава и со една победа и еден пораз го дочекуваат денешното трето коло.
Во последниот настап на турнирот МЗТ Скопје денеска од 11 часот и 30 минути за противник ќе ја има екипата на Албакомп.