Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром со победа над Интер Братислава од 83:67 го почна турнирот „Антонио Алексе“ во романскиот град Орадеа.
Најефикасен во редовите на МЗТ Скопје беше Ѓорѓе Дреновац со 17 поени, Немања Протиќ и Марко Љубичиќ уфрлија по 15, Марко Луковиќ реализра 13, а Душко Буниќ 10 поени.
Вечерва во 2.коло аеродромци ќе се сретнат со домаќинот Орадеа. Почетокот е закажан за 20 часот.
Македонскиот шампион турнирот ќе го заврши утре со настапот против Албаком (11:30 часот).