Македонска полиција протерала чешки волонтер кој им помагал на бегалците

Од:

Дали Македонската полиција протерала волонтер, чешки државјанин од Македонија, кој два и пол месеци помагал на бегалците на грчко македонската граница. Милијана Ленак која на Фејсбук статусот го напиша тоа, за А1он потврди дека е очевидец на овој случај и била присутна кога го протерале чешкиот волонтер.

– Ричард Саучек, волонтер од Чешка, помина два и пол месеци во Македонија, каде секојдневно работеше по 18 часа, трошејќи свои пари за помош на бегалците. Македонската полиција не можеше да разбере дека неговите мотиви се чисто хуманитарни, па се посомневала дека или се работи за чешки шпион или за радикален исламист.

Иако полицијата во Македонија не пронајде какви било докази за овие сомневања, на 5 септември, полицијата го протера Саучек од земјата, со изговор дека нема документ дека е хуманитарец, што значело дека неговиот влез во кампот за бегалци бил илегален.

Неговото влегување во кампот на 5 септември се одвивало исто како и претходните денови и му било одобрено од страна на полициските службеници што го чуваат кампот, откако Ричард го покажал својот пасош.

Тој бил спроведен до грчката граница со автомобил и полициска придружба и неговиот влез во Македонија се забранети во наредните 5 години.

Ете како Македонија му се заблагодари на човекот, кој самиот има повеќе помогнато на бегалците отколку цела држава, вели Ленак.

Од МВР велат дека ќе го проверат случајот и ќе информираат во текот на денот.

Би можело да ве интересира

Администрацијата на Трамп депортира речиси 13.000 мигранти во Мексико

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР

МВР: Има зачестена појава на измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци

А1он

Србин уапсен во Скопје: Осомничен за подготовка на платено убиство

Катерина Ѓуровски