СДСМ: Од ВМРО-ДПМНЕ не очекуваме ништо добро!

Од:

Не ни очекувавме дека ВМРО-ДПМНЕ ќе каже нешто добро, а најмалку дека ќе го пофали конституирањето на Сојузот за иднината.

Напротив, овој стил на вербално препукување на владејачката партија е одраз на нивните изгубени и искривени вредности, погрешни проценки, а најмногу е резултат на нивниот страв од растечкиот гнев на граѓаните од нивните погрешни и криминални политики, се вели во одговорот од СДСМ на реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ дека денешното здружување на опозицијата е лоша вест за иднината на македонските граѓани.

„Конечно, добронамерно му порачуваме на ДПМНЕ наместо да упатува прашања до нас, самите да си го постават прашањето како му успеа на нивниот шеф Груевски да ја обедини целата македонска опозиција против него“, се додава во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа

СДСМ: Бараме локален референдум за рудникот со антимон во кривопаланечко Луке

А1он

СДСМ: Мицкоски да им се извини на уметниците и културните работници за навредите

Предраг Петровиќ