Отворена сувенирница на ГП Табановце

Од:

Министерката за култура Елизабета Канческа Милеска денеска заедно со пратеникот Зоран Ѓорѓиевски и директорката на НУ Музеј Куманово Анита Цветановска, свечено ја пуштија во употреба 19-тата сувенирница на ГП Табановце.

Граѓаните и туристите кои поминуваат низ овој граничен премин ќе имаат можност да се снабдат со сувенир кој го отсликува богатото култрно наследство на Македонија.

– Поставувањето вакви значајни сувенирници е проект кој се наоѓа во програмата на Владата на РМ. Станува збор за 20 сувенирници. Поставени се сите 20 и се завршени, но согласно активностите ги промовираме и ги пуштаме во употреба, изјави Канческа Милевска.

Министерката додаде дека останува да се промовира сувенирницата на ГП Деве Баир. Потсети дека ваква сувенриница е поставена и на ГП Богородица.

– Мислам дека од огромно значење се овие сувенирници кои што имаат можност да понудат значајни, вредни, артефакти, голем број предмети кои што верувам дека секој посетител или турист што поминува низ овој простор може да си купи вреден ваков предмет и да се сеќава на Македонија и на нашето богато кулурно наследство, изјави министерката.

Додаде дека има значајни сувенири, артефакти кои што се како копии вредни кои се изложени и се продаваат, различни други сувенири, кои исто така ги отсликуваат сите оние нови објекти кои се изградени, сложувалки, магнети, најразлични предмети кои што го отсликуваат богатото култрно и историско наследство.

– Се надевам дека оваа сувенирница како и претходните навистина успешно ќе функционираат и ќе работат. Тие се отворени од 10 до 18 часот, изјави Канческа Милевска.

Но, во зависност од интересот, нагласи министерката може и да се продолжи работното време до 22 часот, за што, објасни ќе си процени самата институција. Министерката се надева дека ќе имаат голема продажба и дека надлежната институција Музејот на Македонија, континуирано ги надополнува продадените сувенири.

– Но самата институција како што кажа директорката, ќе се потрудат преку својата институција да изработат нови вредни копии од артефакти кои што ги пронаоѓаат на самите локалитети во кумановскиот регион, што е многу значајно да се продаваат автентични сувенири за самото место акде што е и отворена сувенирницата, изјави министерката.

Директорката на НУ Музеј Куманово, Анита Цветановска, по отварањето на сувенирницата изјави дека во сувенирницата на ГП Табановце, ќе можат да се најдат копии од артефакти кои се пронајдени на археолошките локалитети и дека посетителите ќе можат да најдат привезоци, сложувалки, магнети, маици и сувенири кои го преставуваат богатото и непроценливо културно наследство.

Би можело да ве интересира

Германија воведува контроли на своите граници

Горан Наумовски

Ројтерс: Се намалува бројот на илегални преминувања на мексиканско-американската граница

Грција воведе жестоки сообраќајни казни: 1500 евра за пушење во возилото доколку во него има дете под 12 години

A1on

Двајца странци уапсени на граница – еден возел со фалс германска дозвола, а другиот со украдено возило

Анита Петровска Рајковиќ

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Заврши штрајкот на грчките цариници, од утрово нормализирано влегувањето во Грција