Лавров потврди присуство на руски војници во Сирија

Од:

Присуството на руски војници во Сирија е поврзано со испораката на оружје на сириските владини сили, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Рускиот весник „Коммерсант“ денеска објави дека Москва ги снабдува сириските владини сили со огнено оружје, ракетни фрлачи и оклопни возила во нивната борба против радикалните исламисти од Исламска држава.

– Руски воен персонал е присутен во Сирија, тие се распоредени таму веќе неколку години. Нивното присуство е поврзано со испорака на оружје за сириската војска, која носи најголем товар во борбата против терористите од ИД и останатите екстремистички групи, така што рускиот воен персонал е таму со цел помагање на Сиријците да управуваат со опремата и подготовка за нејзино користење во борба против терористите, изјави Лавров на конференција во Москва, пренесува „Спутник“.

Претходно портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков одби да коментира дали руски војници учествуваат во борбите во Сирија, откако либански извори изјавија дека руски сили се ангажирани во операциите на сириска територија. Тој додаде дека рускиот претседател Владимир Путин ќе зборува за Сирија и ИД во своето обраќање пред Генералното собрание на ОН кон крајот на овој месец во Њујорк.

Западните медиуми, повикувајќи се на „три либиски извори кои се запознати со политичката и воената ситуација во Сирија“, наведуваат дека „руски сили почнале да учествуваат во воените операции во оваа земја како поддршка на сириската војска“.

Би можело да ве интересира

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

ЕУ: Русија да ги заборави замрзнатите средства и по укинувањето на санкциите

Седум лица загинаа, а осум се повредени во пожар во московскиот регион

ФСБ уапси две лица кои подготвувале терористички напад во Русија

Горан Наумовски

Под обвинение за примање мито уапсен e генерал на руската армија

Рјабков: Тврдењата на Пентагон за руско лансирање антисателитско оружје се лажни