Се повреди Куртоа, го пропушта дуелот со Евертон

Од:

Голманот на Челзи, Тибо Куртоа, најверојатно го очекува подолга пауза од фудбалските терени поради повреда на коленото, објави денеска Ројтерс повикувајќи се на британски медиуми.

Куртоа се повреди на првиот тренинг со Челзи по пристигнувањето во Лондон и обврските со националниот тим на Белгија.

Се уште не се знае колку долго 23-годишниот голман ќе биде отсутен од теренот, но дефинитивно ќе го пропушти натпреварот против Евертон.

Неговото место на голот на „сините“ ќе го заземе резервниот голман Асмир Беговиќ кој оваа сезона бранеше на два натпревара од Премиер лигата.

Средбата Евертон – Челзи се игра в сабота од 13:45 на стадионот „Гудисон Парк“ во Ливерпул.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска