Ако сакате да направите нешто фино и вкусно, а да бидете сигурни дека ќе успеете во тоа, оваа торта е правиот избор …
Потребно е:
6 јајца
140 гр шеќер
8 лажици мелени лешници
4 лажици лебни трошки
3 лажици мелено кафе за еспресо
1 портокал, сок и изрендана кора
за филот:
6 жолчки
6 лажици шеќер во прав
5 лажици мелено кафе за еспресо
2 реда чоколадо
180 гр путер
Подготовка:
– Тавата за печење (35х27 см) испалкнете ја со ладна вода и уште влажна обложете ја со хартија за печење. Потоа хартијата премачкајте ја со путер. Рерната загрејте ја на 180 целзиусови степени.
– Одвоите ги белките од жолчките на јајцата.
– Портокалот убаво измијте го, изрендајте ја кората и исцедете го сокот.
– Прво изматете ги белките го густ шлаг. Половина од шеќерот полека додадете го во белките додека ги матите.
– Преминете на матење на жолчките со шеќерот и портокалот додека да станат светло жолти. На крај додадете ги мелените лешници, кафето и лебните трошки.
– Матете додека да добиете хомогена смеса. потоа оваа смеса додадете ја кај белките и полека измешајте со дрвена лажица. Сипете ја смесата во тавата и ставете да се пече во загреаната рерна околу 20 минути. Боцнете со чепкалка за заби да проверите дали е печено тестото. Извадете ја од рерна и оставете да се излади.
– За филот, изматете ги жолчките со шеќерот во прав 3-4 минути и на крај додадете го кафето. Сипете ја смесата во сд во кој ќе го варите филот на пареа и мешајте додека не се згусне.
– Додадете го искршеното чоколадо и продолжете да го варите филот додека не се згусне уште малку околу 1-2 минути. Тргнете го садот на страна и продолжете да мешате додека филот не се излади малку. Потоа додадете го ладниот путер исечен на коцки и мешајте додека не се растопи. Вака изладениот фил ставете го во фрижидер да стои околу 2 часа.
– Тортата може да ја филувате со изладениот фил. Прво кората исечете ја на три дела, а филот поделете го на два помали и еден поголем дел. Со помалите делови фил филувате ги двете кори и ставете ги една врз друга. Потоа ставете ја третата кора и со остатокот од филот филувајте ја тортата од горе и од страните. Тортата украсете ја со чоколадни зрнца.