Бигорскиот манастир го одбележува патронот

Од:

Познатото македонско древно светилиште „Свети Јован Крстител“, попознат како Бигорски манастир, го одбележува 11 септември, денот на отсекувањето на чесната глава на неговиот славен патрон и небесен застапник, великиот пророк, претеча и крстител Господов Јован.

Како што информираат од Бигорскиот манастир, во свештената Бигорска обител вечерва со почеток во 18 часот и 30 минути ќе се отслужи свечена вечерна богослужба, на која ќе биде извршено и монашење на двајца браќа.

Во рамките на одбележувањето на патронот, по богослужбата, почнува свечена програма за 20-годишниот јубилеј од обновата на монаштвото.

Најпрво поздравно слово ќе одржи Архимандрит Партениј, игумен на Свештената Бигорска Обител, а потоа и Архимандритот Нектариј, игумен на Свештената Обител на Св. Наум Охридски.

Според планираните активности ќе биде промовиран зборникот „Бигорски манастир – 20 години возобновено монаштво“ од страна на протоѓаконот доктор Ратомир Гроздановски, по што слово ќе одржи академик Цветан Грозданов.

Митрополитот дебарско-кичевки, господин Тимотеј ќе додели манастирски награди, по што е превиден настап на хорот на Бигорскиот манастир и гудачки квартет од Македонската филхармонија.

Утре, на денот на патронот, во 7,30 часот ќе започне утринската богослужба, а со Света архиерејска Златоустова Литургија, која почнува во девет часот ќе чиноначалствува неговото блаженство, архиепископот охридски и македонски, г. г. Стефан, во сослужение со надлежниот митрополит Дебарско-кичевски, неговото високопреосвештенство, г. Тимотеј и други архиереи на МПЦ-ОА.

Традиционлано, по повод патронот во Бигорскиот манастир, престојуваат повеќе стотици верници од сите делови на државава, кои овде доаѓаат неколку дена пред празникот, но најмногу вечерва и утре. 

Би можело да ве интересира

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје

Во петок литија низ Скопје со икона на Богородица трирачица, подарок од Хиландар за МПЦ

Предраг Петровиќ

Став на Мицкоски за случајот „Галате“: Ваков тип на инциденти ќе има и во периодот кој што следи

Жителите на Галате бараат мирно решение на случајот и се оградуваат од настаните

Горан Наумовски

Случај црква Св. Петка во Галате: Обвинителство демантира дека издало наредба за приведување

Горан Наумовски

Хрват и радовишанка сакале да ограбат црква, со нож му се заканувале на клисарот

Горан Наумовски