Мадеира: Островски рај за кој малкумина имаат слушнато

Од:

Прво нешто што ќе го забележите на Мадеира е зеленилото, кое се протега околу вас, така што овој остров со право се нарекува рајска градина.

Авокадо, манго, орхидеите цветаат насекаде на богатото тло на стариот вулкан. Иако Мадеира е поблиску до Мароко и припаѓа на Португалија, а со прекрасните 180 километри брег, море, убави плажи и планински пасишта навистина вреди да се посети.

Најславниот човек кој потекнува од овој остров е Кристијано Роналдо.

На северниот дел на островот, во заливот Порто Мониз, ќе го пронајдете Рибеира да Јанела, селото на лозјата и фантастичните карпи. Тој дел од Мадеира нуди рајски плажи.

Инаку за остров кој има брег од 180 километри, Мадеира нуди релативно малку песочни плажи. Меѓутоа, поради тоа не треба да бидете загрижени, бидејќи останатите места за капење се бајковити, а доколку толку многу ви недостига песок, со траект заминете до соседниот остров Порто Санто.

Главен град на Мадеира е Фунчал, во кој ќе се воодушевите од историските цркви, архитектурата и градините, а можеби ќе наидете и на родната куќа на веќе споменатиот Роналдо.

Најстариот град на островот е Мачико, кој ќе ве воодушеви со плажите, додека во Калхета ќе уживате во вкусот на белиот рум.

Мадеира е позната по своите пазари, а најпознат и најголем е Меркадо дос Лаврадорес во Фунчал.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска