А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ЛП: Специјалниот Обвинител да го процесуира и случајот „Маѓар Телеком“

by А1он09/09/2015 - 11:54191
Share0

„Аферата „Маѓар Телеком“ предизвикува гласен молк на политичката сцена во Македонија, а има реална сила како и објавените „бомби“.

Добивај вести на вибер

Либералната партија оценува дека ова прашање е суштинско за откривање на подземните врски и финансирањето на огромен дел од политичката сцена во Македонија.

Објавените сведочења и јавните настапи на актери во овој период покажуваат дека коруптивните афери се карактеристика на македонските влади во континуитет и дека во нив се засегнати и „големите“ партии (ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ) и нивните коалициони партнери.

Откривањето на незаконското финансирање на политичарите и политичките партии е основа за спречување на корупцијата на партиите, но и на системот во целост. Затоа, Либералната партија инсистира на целосно откривање на актерите во аферата „Маѓар Телеком“.

Имајќи предвид дека документацијата за случајот била на располагање на Јавното обвинителство во најмалку два мандати, а за тоа време не е отворена постапка, Либералната партија повикува Специјалниот обвинител да го процесуира и овој случај.

Со оглед на непостапувањето на Обвинителството и судството во континуитет од 8 години, во кои расте конфликтноста на политичката сцена, за Либералната партија е јасно дека дел од решавањето на политичката криза е и откривањето и санкционирањето на коруптивните зделки на владите во Македонија во изминатите години“, пишува во соопштението на Либералната партија.

lptelekom

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Сопругот извршен директор, сопругата менаџер, Ковачевски го претвора Телеком во фамилијарна фирма

А1он18/09/2023 - 09:0218/09/2023 - 10:32

Телеком ќе ги тужи фирмите што ги оштетиле каблите, корисниците добија гратис интернет

Катерина Ѓуровски17/08/2023 - 13:0817/08/2023 - 13:45

Прекин во мрежата на Телеком: „Градежни работи ги оштетиле каблите на различни локации“

А1он17/08/2023 - 11:0717/08/2023 - 11:45

Адвокат близок до Заев, ќе добива по 2.500 евра во одборот на Телеком

A1on21/07/2023 - 16:24

ДЗС: Техничките пречки во пописот не се должеа на интернет конекцијата

А1он06/09/2021 - 17:13

Нина Ангеловска и Садула Дураку ќе седнат во бордот на Телеком, Стојанче Ангелов в.д. директор на Центарот за управување со кризи

Жарко Настоски03/11/2020 - 20:3703/11/2020 - 23:54
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен