Ролат со желе бомбони

Од:

Комбинацијата на мелени ореви со лимон му дава на овој колач префинета арома …

Потребно е:
250 гр мелени ореви
50 гр путер
200 гр шеќер
125 мл вода
сок и изрендана кора од 1 лимон
2 полни лажици какао
200 гр сецкани желе бомбони

Подготовка:
– Во еден сад на рингла ставете ги шеќерот, водата и сокот од лимон. Оставете мешавината да проврие и да се запени и ќе почне да се згуснува. Кога ќе стане како редок сируп, тргнете го садот од рингла и додадете ги изренданата кора од лимон, мелените ореви и путерот. Убаво измешајте.

– Добиената смеса поделете ја на два дела. Во едниот дел ставете го какаото и измешајте убаво.

– Земете една обична кеса за замрзнувач (најубаво од 3л) и исечете ја од двете страни да добиете една рамна пластична фолија. Кафената смеса ставете ја на половина од фолијата по должина и обликувајте ја како правоаголник. Втората половина од фолијата преклопете ја над кафената смеса. Истенчете ја внимателно над фолијата со сукало.

Ролат со желе бомбони1

– Тргнете ја фолијата и ставете ја светлата смеса над кафената и обликувајте ја.

– Желе бомбоните ситно исецкајте ги и распоредете ги над светлата смеса.

Ролат со желе бомбони2

– Со помош на фолијата замотајте го ролатот и ставете го во фрижидер за да се излади и да се стегне. Исечете го на парчиња и послужете го.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска