А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ Прилеп: Она што долги години било расипувано, не може преку ноќ да се поправи!

by А1он07/09/2015 - 18:02178
Share0

ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп реагираше на прес конференцијата на СДСМ Прилеп.

Следете a1on на Instagram Instagram

Реакцијата ви ја пренесуваме во целост.

„Она што долги години било расипувано, не може преку ноќ да се поправи! Откако беше изградена болницата во Прилеп, па се до пред неколку години кога оваа политичка гарнитура започна да издвојува средства за истата, во неа не беше инвестирано буквално ништо. Како и се друго, истата од вас беше заборавена, оставена на забот на времето, а за опрема и апарати не стануваше ни збор. Токму затоа СДСМ обидувајќи се само да добие дневни политички поени, во отсуство на конкретни проекти, нема кредибилитет да говори за здравството и здравствениот систем во Македонија.

Само за потсетување, за реконструкција на болницата, при што беше променета столаријата, инвестирани се 560.000 евра.

Следете a1on на Youtube YouTube

Набавен е апарат за компјутеризирана томографија, дигитален рентген апарат, најсовремен гастроскопски кабинет, гинеколошки ултразвучен 4D ехо апарат, кардиолошки ултразвук, опрема за очното одделение во кое се инвестирани
200.000 евра, а ќе овозможи самостојни работење по најновата фако метода.

Во болница ,,Борка-Талески” воведена е гастроскопија како рутинска процедура за потполно заживување на гастроскопскиот кабинет, потполно е обновена опремата во амбулантниот дел на гиниколошкото одделение, во целост е реконструирана големата сала во болничката лабораторија, воведени се ЛИС и РИС, информатички лабараториски и ренген систем, извршена е реконструкција на одделението за Хирургија и одделението за Нервнопсихијатриски болести.

Или, набавена е медицинска опрема од околку 2 милиони евра.

Дополнително, распишан е тендер за набавка и болницата да добие нов мамограф.

Дo крајот на септември 2016 година ќе биде извршена комплетна реконструкција на операционите сали, на сите тоалети и подот во целата болница за што веќе е направена обиколка со стручен тим од архитекти за да се изврши потребната реконструкција.

Проектите кои ги спроведува оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ се покажаа како исклучително корисни како за здравствените работници така и за пациентите. Пропустите и штетата кои ги направи СДСМ за жал тешко се поправаат. Кадровски се

екипираат сите здравствени установи, а се подобрува и нивната ефикасност. Забележана е значителна заштеда при централизирана набавка на лековите како за граѓаните, така и за буџетите на јавните здравствени установи.

Секако дека не велиме дека состојбата со градската болница е идеална, ја оставивте во најлоша состојба од целото здравство во Република Македонија и макотрпно правиме напори значително да ја подобриме состојбата затоа што таа е една од најважните институции за граѓаните на Прилеп и околината и ние ќе продолжиме да работиме за нејзино добро функционирање, реконструкција и пополнување со соодветен и потребен кадар“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

dpmneprilepsdsm

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Фрчкоски: Мицкоски ја труе Македонија – СДСМ бара 5 милиони евра од прославата со пејачи да се пренаменат за чиста вода

А1он25/07/2026 - 12:22

СДСМ: Загадена вода во шест населени места – без одговорност и кривични пријави

А1он25/07/2026 - 09:33

СДСМ: Наместо виновниците, санкции трпат угостителите и трговците во Гостивар

Горан Наумовски24/07/2026 - 13:43

СДСМ: Орбановите автобуси победија на тендерот во Скопје

Горан Наумовски24/07/2026 - 09:11

(ВИДЕО) Илијоска: Невремето ги опустоши струмичките посеви, а Владата не презема ништо – итно да ги обештети земјоделците

Горан Наумовски23/07/2026 - 15:56

СДСМ: Тимчо Муцунски нè убедува дека сме „портата кон Европа“ – а не слепо црево

Горан Наумовски22/07/2026 - 15:44
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео